Далас Маверикс без повредениот Лука Дончиќ не можеше ништо повеќе од тесен пораз против Јута Џез на стартот на плејофот во кошаркарската НБА-лига, па „џезерите“ поведоа со 1-0 во пресметката после вечерашната победа со 99-93.
Бојан Богдановиќ и Донован Мичел беа незадржливи, па ја предводеа Јута до победата. Мичел даде 32 поени со по шест скока и асистенции, додека Богдановиќ додаде 26 поени со пет скока и четири асистенции. Гостинскиот ентар, Руди Гобер беше неефикасен со само пет поени, но оствари 17 скока и три блокади.
Во отсуство на Дончиќ, Џелјен Брансон со 24 поени и Спенсер Динвиди со 22 беа најефикасни кај Маверикс, доволно само да дадат силен отпор, но не и да поведат во пресметките во првата рунда од разигрувањето за титулата.
Ројс О’Нил со тројка пред влезот во завршните 60 секунди од мечот го реши прашањето за победникот, откако Далас со серија од 8-2 и тројка потоа на Булок ја стопи двоцифрената предност на Јута за да дојдат на достижни кош негатива во тесната завршница.



