Поранешниот фудбалер на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, Мартин Фенин имал крајно непријатно искуство во Барселона, каде неговиот клуб славеше на „Камп Ноу“ (3:2) и се пласираше во полуфиналето од Лига Ебропа. Фенин отпатувал со сопругата во Барселона да го следи овој натпревар како навивач , но бил нападнат од навивачите на каталонскиот клуб.
Околу 30.000 навивачи од Франкфурт дојдоа во Барселона. По натпреаврот во кој Барселона беше елиминирана, навивачите на домаќинот ги нападнаа симпатизерите на Ајнтрахт. Такво искуство имаше и поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, Мартин Фенин и неговата сопруга, кои биле соборени на земја и претепани.
– По мечот, мојата сопруга и јас бевме истепани и потоа поминавме 36 часа во полициска станица, без помош, без храна и вода. Браво Барса, браво Шпанија, напиша Фенин.