Актуелниот фудбалски шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид дојде до победа над Еспањол (2:1), во последната секунда од натпреварот со реализиран пенал. Во меч со многу возбудувања, и со црвен картон, на крајот четата на Диего Симеоне во 10-тата минута од судиското надополнување дојде до победата.Атлетико Мадрид се изнамачи за да ги освои трите бода. Мораше да чека зелено светло од ВАР собата за да добие шанса да изведе пенал за победа во 100-та минута.
Одговорноста ја презема играчот кој го постигна и првиот гол за Атлетико, па така тој се претвори и во херој за својот тим со оглед на тоа што успешно го изведе пеналот.
Јаник Караско погоди за 1:0 во 52-та минута, но ја прифати најтешката задача во 100-та минута и мирно го совлада искусниот Лопез за победа од 2:1 која предизвика експлозија на трибините на „Ванда“.