Лазаров не замина во играчка пензија, но на СП најави дека ќе биде само селектор

Од државнит дрес се прости Филип Миркуловски. Според најавите пред двомечот со Чешка најави имаше дека последен меч како капите ќе игра и Кирил Лазаров кој има довојна улога и селектор, но тоа не се случи.

-Кажав дека сега не е време за пензија и простувања, најважно е Македонија да игра на СП. Мора да ја негуваме традицијата и во тешки моменти да дадеме поддршка. Полека излегуваме на површина и градиме нова репрезентација затоа што народот и Македонија ја сака и ја почитува оваа ракометна селекција. Мислам дека, 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП. Ја продолжив кариерата на уште една година поради ковидот и поради Македонија. Благодарност до целта јавност, благодарност до оваа феноменална публика, благодарност и до сите критичари и поддржувачи, возврати Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави