Македонската машка ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светско првенство, а селекторот и капитен Кире Лазаров не го криеше своето задоволството од победата во двомечот против Чешка.
– Мислам дека победивме заслужено. Направивме голема работа, одигравме четири квалитетни натпревари против одличните Романија и Чешка и на крајот ја остваривме целта. Мора да признаам дека на оваа средба малку паднавме физички, но тоа е разбирливо бидејќи голем дел од играчите играат европски купови и заморот се чувствтува. Пресреќен сум, ова е голем резултат за Македонија, го одржуваме континуитетот за настап на големите натпреварувања. Можеби бевме скептици што ќе се случува без Лазаров и Миркуловски, но јас сметам дека имаме реални шанси и за пласман на следното Европско првенство. Посебно ми е драго ми е за Талески и Кузмановски, ги чувствувам како мои деца, се поставив како татко кон нив и во најтешките моменти, честитки за нив двајца – изјави Лазаров по триумфот во Скопје, додека неговите играчи ја споделуваа радоста со полното гледлиште.