Македонија ја „изгоре“ Чешка во пеколната атмосфера во „Борис Трајковски“ и избори нов настап на СП

Македонската машката ракометна репрезентација ја искористи предноста на домашниот терен и ја совлада Чешка (27:25) во реваншот од баражот за пласман на СП-2023 со што избори осми, или шести во континуитет настап на мундијалска завршница која на почетокот од идната година ќе се одржи во Шведска и Полска.  Во преполната салаа „Борис Трајковски“  македонските ракометари не потклекнаа во финишот од мечот кој наликуваше на оној од Злин кога иако цел натпреавр имаа предност во последните секунди дозволија Чешка да израмни (24:24). За такво сценарио да не дојде во последните петнаесетина секунди се погрижи Филип Кузмановски кој со удар од седум метри ја смести топката во мрежата на расположениот чешкиот голман Мрква кој на момент само ја допре топката, но не ја запре да заврши зад неговит грб.  За Чешка не преостана време да го повтори Злин. Македонија ја „изгоре“ во пеколот во „Борис Трајковски“.

Чешка имаше добар почеток на натпреаврот. Поведе со 4-2, но Македонија набрзо се врати во игра и стигна до водство 7-4.

Македонија го одржуваше водството до полувреме (14-12), по што во вториот дел стигна и до четири гола предност (20-16), но Чешка неколку пати намали, па дојде и до еден негатива (24-25). Драма се случуваше во финишот од меч, за на крајот да се радуваат ракометарите и навивачите на трибините.

Никола Митревски со 13 одбрани уште еднаш блескаше на голот, а Филип Кузмановски со 9 и Филип Талески со 6 погодоци беа лидери на македонскиот тим.

На овој натпреавр од државниот дрес се прости Филип Миркуловски, а капитенот и селектор Кирил Лазаров го одложи збогувањето од играчката кариера во репрезентацијата.

Треба да знаете
Последни објави