Реал и се е можно на фудбалските терени

Со Реал Мадрид се е можно на фудбалските терени. „Кралевите“ проредија уште едно шокантно издание, овојап за Севилја во дербито на 32. коло од шпанската Ла Лига совладувајќи со 3:2 откако имаа негатива од два гола која не ги поколеба и во последните мигови од мечот го замолкнаа „Естадо Рамон Санчез Писуан“. Херој на Реал Мадрид беше одново Карим Бензема кој побединичкиот гол го постигна во 92. минута. Севилја до 83. минута имаше предност од 1:2. Со новата победа, Реал Мадрид дојде на чекор до освојување на титулата бидејќи по 32 кола има 75 бода, дури 15 повеќе од Барселона која има два натпревари помалку.

Играчите на Севилја одлично го започнаа дербито и по 25. минути игра имаа водство од 2:0. Прво во 21. минута, Иван Ракитиќ погоди од слободен удар, а четири минути подоцна Ерик Ламела погоди за 2:0. Во второто полувреме, фудалерите на Реал Мадрид постигнаа три гола и дојдоа до голема победа која ги приближи до освојување на титулата.

Прво во 50. минута Родриго намали на 2:1 по асистенцијата на Винисиус, а потоа во 83 минута Начо го израмни резултатот, а Бензема во 92 минута постигна победнички гол.

Треба да знаете
Последни објави