Стефанос Циципас ја одбрани титулата на третиот тениски АТП Мастерс 1000 турнир кој се играше во Монте Карло. Грчкиот тенисер Циципас до новата титула стигна, откако во финалето го совлада големото изненадување на годинашното издание во Монте Карло, Алехандро Давидович Фокина кого го совлада со максимални 2-0 (6-3 и 7-6).
Циципас кој пред два дена беше пред елиминација од Мастерсот кога губеше со 4:0 во одлучувачкиот сет против Диего Шварцман и успеа да го прегрми налетот на Аргентинецот го доби сетот со 6:4, одигра два неверојатни меча на турнирот. Гркот вчера го елиминира Александер Зверев со 2:0 во сетови, а на завршниот меч излезе на крај и со најголемото изненадување на турнирот Давидович Фокина, кој на патот до финалето го испрати во гледалиштето и првот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Циципас стана шестиот тенисер во историјата кој ја одбранил титулата на Мастерсот во Монте Карло, по легендарните Настасе, Борг, Мустер, Фереро и Надал.