Академија Пандев се осамостои на втората позиција со гол во судиското продолжение

Хрватскиот фудбалски интеранционалец  Марко Мартинага со еврогол од 25 метри од слободен удар во последните секунди од мечот на Академија Пандев и донесе голема три бода од гостувањето кај Ренова во Тетово со минимален триумф 1-0 за струмичани со кој се вратија на второто место на табелата во Првата  фудбалска лига на Македонија. Шкендија резмизираше во Штип со Брегалница (0:0) и сега со исто бодовно салдо со Македонија ЃП ќе ја продолжат битлката за евро-виза.

Попладенво се одигреа уште и натпреаврот Скопје – Тиквеш (1:2) и се комплетира 28. коло  во кое вчера лидерот Шкупи на гостувањето во Битола кај Пелистер направи уште еден чекор кон титулата (0:1). Чаирчани сега се на на една победа до титула и веќе в недела на својот терен ќе можат да ја прослават ако триумфираат против Ренова. Ова ќе биде прво шампионско славје на Чаир по повеќе од две децении, од ерата  кога Слога Југомагнат доминираше на мак-сцената.

Борец ја совлада Струга ТЛ (2:0) и Македонија ЃП го доби градското дерби Работнички (1:0).
Табела: Шкупи 68 бодови, Академија Пандев 55, Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Тиквеш 27, Скопје 26, Борец 18, Пелистер 10.

Треба да знаете
Последни објави