Македонската машка ракометна репрезентација бодрена од околу 7.000 домашни навивачи во салата во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа Чешка (27:25) и се пласираа на СП-2023. На овој меч во репрезентативна пензија замина Филип Миркуловски, капитенот и селекторо Кирил лазаров го одложи повлекувањето од паркетот, но не за долго како што порача, а по мечот од „црвениот-жолтиот“ дрес се прости и Стојанче Стоилов.
-Честитки до Чешка и Сабате. Благодарам на убавите зборови. Среќен сум што победивме и се пласиравме на Мундијалот. Што се однесува на репрезентативната кариера, јас после 15 години со гордост најавувам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Кире фала ти за се. Жути го остави здравјето во селекцијата. Не сакам да им земам минути на помладите, Пешевски заслужува повеќе шанса. Нека се случи таа смена на генерација, да се ослободат од нас постарите. Не можам здравствено да издржам цела сезона, едноставно нема одмор, телото не ми издржува, благодарам на јавноста, ми беше чест – соопшти Стоилов.