Почина новородениот син на Роналдо: Португалецот со трогателна порака се прости од детето

Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави дека едното дете од близначињата кои ги очекуваа со бремената Георгина Родригез починало!

Според зборовите на португалскиот фудбалер, момчето кое го носела неговата сопруга е родено мртво, додека во овие моменти тоа што раѓањето на девојчето поминало добро им дава сила да издржат.

– Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето момче. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на девојчето ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка, бараме приватност во моментов, напиша Кристијано на Инстаграм.

Легендарниот фудбалер додаде уште две многу болни реченици.

„Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, стои на крајот од пораката.

Треба да знаете
Последни објави