Џош Бролин ја загубил улогата на Бетмен бидејќи режисерот сметал дека Бен Афлек е посоодвеен избор.54-годишниот актер откри дека првично бил во дискусија да го глуми човекот лилјак, но режисерот Зак Снајдер на крајот го избрал Афлек за „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ од 2016 година.
Говорејќи на подкастот Happy Sad Confused, Џош објасни: „Сето тоа беше интересно за мене. Но, Снајдер го одбра Афлек. Тоа беше негова одлука.“
Џош откри дека улогата го привлекувала затоа што сакал да глуми суперхерој.