(Видео) Збогум за култниот „Ice Age“: И на крај верверицата го изеде желадот

Дизни објави дека го затвора студиото „Blue sky“ студио за компјутерска анимација кое стои зад повеќето филмови од анимираната франшиза „Ice Age“. За одјава „Blue Sky“ објави видео со кое на емотивен начин ја затвора целата приказна.

За потсетување, првиот дел од франшизата „Ice Age“ беше објавен во 2002 година, во кој се опишани авантурите на група цицачи кои се обидуваат да го преживеат почетокот на леденото доба. Франшизата има 5 продолженија – „The Meltdown“ (2006), „Dawn of the Dinosaurs“ (2009), „Continental Drift“ (2012), „Collision Course“ (2016) и „The Ice Age Adventures of Buck Wild“ (2022).

Сите кои гледале барем едно од продолженијата добро го познаваат ликот, верверицата Скрат, која со сета сила постојано се бори да го скрие својот желад за да може подоцна да го јаде на мир. Но бидејќи тоа не му поаѓаше од рака се од 2002 година, кога беше објавен првиот филм, екипата од „Blue Sky Studios“, студиото што го направи „Ice age“, реши да му помогне конечно да успее во својот план.

На видеото кое неодамна е објавено на Јутјуб со наслов „The End“ се гледа како Скрат го јаде желадот. Во објавата се вели:

„Во последните денови на студиото „Blue Sky“, се собра мал тим од уметници за да го направат ова последно видео. Ова е наше збогување, збогување под наши услови“.

Видеото е прегледано речиси два милиони пати.

Треба да знаете
Последни објави