Бранителот на титулата во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, тимот на Милвоки на стартот од четвртфиналната серија во разигрувањето на Истокот поведе против Чикаго со 1:0 во победи, совладувајќи го со 93:86. Милвоки ја искористи предноста на домашниот терен, предводен од Јанис Антетокумпо кој мечот го заврши со 27 поени, а имаше и 16 скока.Кај Чикаго Вучевиќ беше најдобар со 24 поени и 17 скока.
И Феникс, најдобриот тим во лигата по регуларниот дел од сезоната, го искорсити домашниот терен за победа над Њу Орлеанс од 110-99. аа водство од 1:0 во победи на Западот. Во еден момент од натпреварот Феникс имаше и 23 поени предност, сепак Њу Орлеанс кон крајот на третиот период се доближи на 79:71. Тогаш на сцена стапи Крис Пол кој од своите 30 вкупно поени, 19 постигна во последниот период.
Букер постигна 25 поени во редовите на Феникс, а Деандре Итон 21.Си Џеј МекКолум со 25 поени беше најефикасен кај поразените.
Стартна победа во плеј-офот забележа и Бостон Селтикс кој во неверојатен финиш го совлада Бруклин со 115-114. Речиси во текот на целиот натпревар се играше израмнето, но на крај разликата ја направи Џејсон Тејтум, кој погоди со звукот на сирената за големо домашно славје, а Мајами со 115:91 се радуваше против Атланта.