Мојсовски: Македонската репрезентација има сѐ што е потребно да нѐ прави горди!

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, а сега директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски не го криеше задоволството што негогашните свои соиграчи, и новите момчиња во „црвено-жолтиот“ дрес обезбедија нов настап на завршницата 0од СП-2023. За Македонија  на мундијалот во Шведски и Полска кој ќе се одржи на почетокот од идната година ќе биде шести по ред или вкупно осми. До новата мундијалска виза Македонија стигна со успешно решени два бараж двомечи, најпрво со Романија и потоа и со Чешка кој во неделата во Скопје беше совладана со 27:25 откако во Злин пресметката заврши без победник 24:24.

– Браво за нашите македонски ракометари! Извонредна игра со која Македонија ја носат на светско првенство! Ова е огромен успех за сите! Тимска работа, посветеност и љубов! Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да нѐ прави горди – стои во објавата на Мојсовски на Фејсбук.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави