Милер ќе го продолжи договорот со Баерн до 2025 година

Искусниот фудбалер на германскиот бунделигаш Баерн , Томас Милер во скоро време ќе го продолжи договорот со тимот од Минхен. Според „Билд”, преговорите меѓу 32-годишниот играч од средниот ред и раководството на клубот започнале на почетокот на месецот. Двете страни сега постигнаа договор. Германецот ќе потпише договор до 2025 година.

Со сегашните условите вметнати во актуелниот договор, Милер добива околу 20 милиони евра годишно, што го прави еден од најплатените играчи во баварскиот клуб.

Милер целата своја досегашна кариера ја помина во Баерн. За првиот тим на германскиот фудбалски великан дебитира во 2008 година. 

Треба да знаете
Последни објави