Челниците на клубот и стручниот штаб на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед утро добиле шокантна вест за сообраќајна несреќа на еден од од своите најдобри фудбалери, Бруно Фернандеш. Португалскиот интернационалец утрово доживеал сообраќајна несреќа, јавуваат англиските медиуми.
Полицијата од Манчестер известува дека станува збор за скап судир, во кој учествувале три возила, од кое едно било на фудбалерот на Манчестер јунајтед. Фернандеш со своето Порше се удрил во Ферари, а во сообраќајката учествувал и џип Фолксваген кој минал најлошо и од ударот му се активирале воздушните перничиња. За среќа, сите учесници во инцидентот минале без потешка повреда.
Доколку му дозволат лекарите се очекува Фернандеш да се врати на тренинзите со својот тим, а утре и да настапи на дербито на „Енфилд“ против Ливерпул.