Давид и Мили за време на снимање епизода од „Гранд-звезди“ имале меѓусебна пресметка

Во српските медиуми како гром одекна информацијата дека за време на снимање на нова епизода од музичкото-шоу „Гранд-звезди“ дошло до физичка пресметка меѓу менторите и жири членовите кои ги оценуваат изведувачите на музичките нумери Ѓорѓе Давид и Александар Милиќ Мили.

За оваа пресметка Мили за српските медиуми појаснува дека била само вербална и потенцира дека никој никого во музичкото шоу „Гранд-звезди“ не смее да го навредува !

-Ништо посебно не се случи. Физичка пресметка немаше, но никој никого не може да го навредува. Вистина е дека дојде до вербална расправија, но не ми падна на ум физички да го нападнам, изјавил Мили.

 

Треба да знаете
Последни објави