Управниот одбор на РФМ на денешната седница донесе одлука завршниот турнир во машкиот Куп да се одигра во Кавадарци.
Клубот Тиквеш и градот Кавадарци изразиле желба да бидат организатори, а РФМ го усвои предлогот.
Турнирот ќе се одржи викендот од 13 до 15 мај, а учество изборија Вардар, Бутел и двете екипи на Пелистер.
РФМ досега го организираше завршниот турнир во Купот во неколку градови во Македонија, а ланското издание се одржа во Скопје, во салата „Автокоманда“. Бранител на трофејот е екипата на Вардар.