Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес му додели признание на македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски кој во неделата го одигра последниот официјален натпревар во „црвено-жолтиот” дрес.
– За ракометарот нема последна игра! Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!
Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра!
Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја!
Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт, но и како соиграч на Миркуловски имам можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот.
Ти благодариме – напиша Мојсовски на својот фејсбук-профил.
Мојсовски низа години настапуваше заедно со Миркуловски и во Металург и во македонската репрезентација.