Грчките медиуми пренесуваат дека поранешниот фудбалски репрезентативец на Франција, Димитри Паје член на Олимпик Марсеј играл допингуван во четвртфиналето од Конференциската лига против солунски ПАОК. За ваквиот исход од допинг-тест направен само 24 часа пред првиот натпревар одигран на 7 април занаела и УЕФА но не реагоира !?
Иако Паје имал позитивен допинг-тест сето тоа било премолчено и во Франција и во Нион. Така фудбалерот без проблеми играл во првиот натпревар на 7. април и во реваншот седум дена подоцна во Солун.
-Не ни е јасно зошто УЕФА молчи за скандалот. Ова е голем преседан, а како УЕФА постапува со малите екипи големи се шансите воопшто да не бидат казнети, се жалат во Грција.
Во овој момент не се објавува на која недозволена супстанца паднал Паје, меѓутоа оваа информација доаѓа само неколку дена откако беше објавено дека 15-тина фудбалери во Премиер лигата имале позитивни допинг-тестови, но не се преземале никакви чекори.