Ливерпул се поигра со Манчестер јунајтед и времено го запоседна врвот во Премиер лигата

Ливерпул славеше во најголемото англиско фудбалско дерби против Манчестер јунајтед со 4:0 во заостанатиот натпревар од 30. коло на Премиер лигата. Со овој триумф „црвените“ се искачија времено на првото место на табелата со 76 бода, два повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити кој има и натпревар помалку.

Ливерпул ја демонстрира силата против десеткуваниот Јунајтед уште еденаш сезонава за вкупен триумф во двомечот од 9:0.

Луис Дијаз во 5 минута ја почна гол-серијата, а Салах во 22 минута зголеми на 2:0. Ливерпул во второто полувреме постигна уште два гола, најпрво Мане во 68 минута и Салах кој вторпат се впиша во листата на стрелците во 85 минута.

Треба да знаете
Последни објави