Гвинет Палтроу откри дека нејзините деца не ја одобруваат позадината за заклучен екран на нејзиниот Ајфон, со фотографија од нејзиниот сопруг и нивни очув Бред Фалчук без маица. Откако ја откриле фотографијата на мобилниот на својата мајка, децата од бракот со поранешниот сопруг Крис Мартин – Епл (17) и Мозес (16) – веднаш ја замениле со селфи од нив тројцата.
„Мојот заклучен екран беше фотографија на Бред без маица на себе. А моите деца беа толку истрауматизирани што го зедоа телефонот и го направија ова селфи“, напиша таа во најновиот билтен на нејзината компанија „Гуп“.
Претходно, на гости во емисијата „Шоуто на Елен“, Палтроу (49) призна дека порано тинејџерите сметале дека нејзините објави на социјалните мрежи не се „кул“, а сега веќе се навикнале и не им смета што таа продава вибратори преку својот бренд за животен стил.