Ливерпул подготвува благороден гест како поддршка за Роналдо

Семејната трагедија на Кристијано Роналдо го обедини фудбалскиот свет, па Португалецот добива пораки со поддршка од сите страни на планетата.

Големата фудбалска ѕвезда вчера ја информираше јавноста дека тој и сопругата Георгина го загубиле новороденото синче, јавно заблагодарувајќи им се на докторите кои направиле се што можат да го спасат животот на едно од двете бебиња.

Роналдо очекувано ќе го пропушти денешното гостување на Манчестер Јунајтед кај Ливерпул, а домашниот тим подготвува одличен гест, како поддршка за фудбалерот на големиот ривал.

Фановите на Ливерпул во седмата минута од средбата ќе започнат френетичен аплауз кој ќе трае една минута, со што „Енфилд“ ќе изрази почит кон починатиот син на Роналдо и целото семејство на Португалецот.

Треба да знаете
Последни објави