Арсенал го доби дербито со Челси, Сити се врати на првото место

Арсенал ја прекина серијата порази и тоа на Стемфорд Бриџ каде го совлада Челси со 4-2, Манчестер Сити со убедливи 3-0 беше подобар од Брајтон и се врати на врвот во Премиерлигата.

Челси загуби уште едно дерби во Лондон, и тоа овој пат од градскиот ривал Арсенал со 4-2 и така им дозволи на „топчиите“ да се вратат во битката за топ-4.

Нкетија го отвори резултатот во 13. минута, по што Вернер израмни на 1-1. До крајот на првиот дел паднаа уште два гола, и тоа Смит Роув стрелаше за 2-1, по што Аспиликуета погоди за 2-2.

Во вториот дел Челси продолжи со грешките во одбраната, а тоа го казни Нкетија во 57. минута (3-2), а победата на Арсенал ја запечати Сака во 92. минута.

Челси има 62 бода на третата позиција, додека четвртото место го делат Тотнем и Арсенал со по 57 бода.

Манчестер Сити се врати на врвот во Премиерлигата откако со 3-0 го победи Брајтон.
Гостите пружија отпор во првото полувреме, но се распаднаа во 53. минута кога Марез даде гол за водство а Манчестер Сити од 1-0.

Во 65. минута Фил Фоден зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Бернардо Силва во 82. минута.

Сега Манчестер сити (77) има еден бод предност пред Ливерпул (76) на шест кола до крајот во Премиер лигата.

Евертон со гол на Ришарлисон во 92. минута се спаси од пораз против Лестер, мечот заврши 1-1, а гостите водеа со погодок на Барнс уште во петтата минута.

Њукасл со гол на Алмирон во 32. минута го победи Кристал Палас со 1-0.

Треба да знаете
Последни објави