Нов кикс на Атлетико

Атлетико Мадрид им приреди уште едно непријатно изненадување на своите фанови откако на домашен терен одигра реми со Гранада.

Дури 22 шута кон голот имаа избраниците на Симеоне, ама противничкиот голман Луис Максимилиано забележа само една одбрана. Нишаните на главните офанзивци не беа на вистинското место и тоа на крајот скапо се плати. Повеќе работа од голманот на Гранада имаше главниот судија кој подели девет жолти картони.

Најдобрата можност во самиот финиш му припадна на Матеус Куња, кој ја погоди стативата.

Tимот на Диего Симеоне, сепак се искачи на второто место на табелата со 61 бод, но и со два одиграни натпревари повеќе од Барселона.

Сега на „јирганџиите“ не им е сигурно и четвртото место кое води во Лигата на шампиони, бидејќи 5-то пласираниот Бетис има само четири бода помалку. Атлетико во следното коло ги чека незгодно гостување кај Билбао, додека Гранада ја продолжува борбата за опстанок против Селта.

Треба да знаете
Последни објави