Јувентус ја победи Фиорентина со 2:0, па со две победи во полуфиналниот меч си обезбеди пласман во финалето на италијанскиот фудбалски куп.
„Бјанконерите“ имаа предност од првата средба во Фиренца на која славеа со 0:1, а вечерва не дозволија изненадување во Торино.
Поранешниот играч на Фиорентина, Федерико Бернардески одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот и во 32. минута донесе предност за домаќините, а точка стави Данило длабоко во судиското продолжение за конечни 2:0.
Противник на Јувентус во финалето на Копа Италија ќе биде Интер, кој со 3:0 го победи Милан.
Големото финале кое ќе се игра на „Олимпико“ во Рим е закажано за 11. мај.