Дербито кое ќе го реши новиот првак во машкото македонско ракометно првенство помеѓу лидерот Еурофарм Пелистер и актуелниот шампион Вардар, во Битола ќе се игра на 1 мај. По ппобедата на битолскиот прволигаш во Скопје, Еурофарм Пелистер ја има пол позицијат пред реваншот.
Пелистер има четири победи од четири меча и 16 бода на табелата, а Вардар со меч помалку (одложениот со Бутел поради смртта на Денис Тот) е на 11 бода, па на 1 мај во салата „Боро Чурлевски“ ќе се решава кој ќе биде новиот ракометен првак, дали битолчани ќе дојдат до седмата титула во историјата и прва по 17 години или пак ќе продолжи доминацијата на „црвено-црните“.
Поради „брејкот“ во Скопје, Вардар за титула ќе мора да победи, додека Пелистер и со реми би го задржал првото место. „Црвено-црните“ се рекордери со 14 шампионски титули.
Две недели по оваа шампионска битка на двете најдобри екипи на домашната сцена се игра и завршницата Купот во Кавадарци од 13 до 15 мај. Вардар и Еурофарм во конкуренција на вториот тим на битолчани и Бутел и на оваа завршница се главни фаворити за освојување на трофејот. Двојките за полуфиналните мечеви ќе бдат дополнително извлечени