Џулија Робертс вели дека бакнувањето е тајната за среќен брак

Оскаровката и една од омилените личности во Холивуд, Џулија Робертс, откри дека постојаното бакнување е тајната за долг и среќен брак.

Ѕвездата на „Убава жена“ (Pretty Woman) верува дека клучот за нејзиниот повеќе од две децении брак со снимателот Даниел Модер, со кој има три сина – близнаците Хејзел и Финеус (17) и Даниел (14) – е да не заборавите да се бакнувате и да покажете дека сте вљубени.

Таа во понеделникот гостуваше во популарното „Вечерно шоу со Стивен Колбер“, каде што рече дека треба постојано да се покажува меѓусебна наклоност.

Откако водителот Стивен Колберт – кој е 28 години во брак со Евелин Мекги-Колберт и има три возрасни деца – ѝ рече да ги открие нејзините трикови за среќен брак, додека да изброи до три.

Џулија (54) веднаш рече: „Бакнување“.

Треба да знаете
Последни објави