Реал Мадрид е чекор поблиску до освојување на нова титула во Ла лига, откако вечерва славеше на гостувањето кај Осасуна со 1-3 во натпревар од 33. коло.
Гостите поведоа со голот на Давид Алаба во 12. минута со 0-1. Само една минута подоцна домаќините израмнија на 1-1 преку Анте Будимир. До крајот на првиот дел „кралевите“ повторно поведоа со голот на Марко Асенсио во 45. минута. Конечните 1-3 ги постави Васкез во 96. минута.
За издвојување од второто полувреме се и двата пенали кои главниот судија на мечот ги досуди за гостинскиот тим, а и двата не успеа да ги реализира Карим Бензема, односно домашниот чувар на мрежата Серхио Херера успеа да ги одбрани ударите на францускиот интернацаионалец.