Денеска со почеток од 16 часот во Стуга и Битола се играат полуфиналните фудбалски натпреаври од Купот на Македонија. Ппобедниците од пресметките Струга Трим Лум против Македонија ЃП и Пелистер против второлигашот Силекс ќе ги дадат финалистите во најмасовното натпреварување. Финалето ќе се игра на 20 мај во Скопје, на арената „Тодор Проески“.
Се очекуваат интересни и неизвесни пресметки на четири тима кои посакуваат финале и можност да изборат настап на ево-сцената. Силекс кој експресно се враќа во елитното друштво по само една сезона мината меѓу второлигашите, е актуел ппобедник во Купот на Македонија и бранител на трофејот.