Се ожени Драган Спасов- Дац: Сопругата организирала матичар и прослава без негово знаење

Драган Спасов – Дац денес го слави својот 59-ти роденден, а вчеравечер актерот по втор пат заплива во брачните води. Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава на крајот на неговиот настап во „Трибека“.

Актерот на својот фејсбук – профил сподели и фотографија од свадбената прослава, заедно со невестата која е облечена во џинс, бела спортска маица и палто, а на главата носи вел.

– Организарале сѐ. Купиле бурми и се договориле со матичарот. Многу вешто сето тоа го криеа од мене. Матичарот нѐ венча по сите правила. Кум ни е Александар Митевски, а старосватица Санда Гавриловска, изјави Дац за „Женски магазин“.

Треба да знаете
Последни објави