Новак Ѓоковиќ мораше да игра два тај-брејка, три сета и над три часа за да го победи сонародникот Ласло Ѓере на првиот настап на годинешниот турнир во Белград.
Првиот фаворит на турнирот од АТП 250 серијата веројатно не очекуваше ваков отпор од помладиот колега, но Ѓере го доби првиот сет со 6:2 и најави дека нема лесно да се предаде против големиот шампион.
Ѓоковиќ успеа да израмни преку тај-брејк, а откако Ѓере играше солидно и во решавачкиот сет, светскиот рекет број еден повторно мора да го крши отпорот во тај-брејк за конечни 2:1.
Следен противник на Ѓоковиќ повторно ќе биде српски тенисер, овој пат Миомир Кецмановиќ кој претходно го победи Џон Милман.
Пласман во осминафиналето во Белград и тоа без борба досега оствари и Хачанов.