(Видео) Тајсон претепал патник во авион кој постојано го провоцирал

Контроверзниот Мајк Тајсон кој своевремено беше апсолутен светски шампион е снимен како претепува човек во авион на летот Сан Франциско – Флорида.

Тајсон го удрил во главата, при што го раскрварил. На патникот по летот му била укажана лекарска помош и отишол во полиција да даде изјава за целиот настан. Лесно е можно Тајсон да се соочи со приватна тужба и тужба за предизвикување повреди, а „жртвата“ би можела добро да се обиде да наплати.

Според еден од сведоците на инцидентот, 55-годишниот Тајсон бил добро расположен пред летот. Легендарниот боксер се сликал со споменатиот сведок, а бил многу трпелив со личноста која постојано го провоцирала.
Мајк затоа не иницирал проблеми, ниту ги загрозил другите патници. Си ја гледаше работата, но во еден момент едноставно реши дека му е доста од провокации и ја реши работата со тупаници. Како на крајот ќе одговара за ова, несомнено ќе дознаеме во наредните недели.

Треба да знаете
Последни објави