Се сврши нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев.
Македонскиот пејач радосната вест ја потврди за порталот „Репортер“.
„Точно е дека се свршив. Сè се случи набрзина. Се запознавме кога дојдов во Америка и работите некако ни тргнаа од прва. Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, вели Гарванлиев за „Репортер“.
Тој вели дека е рано да покажува слики од вереникот, а не сака да го открие ниту неговото име.
Васил лани се натпреваруваше на „Евросонг“ и се пласира на претпоследното место во полуфиналето со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат таа вечер имаше само Ирска со 20 поени.
Кога МРТ го одбра за македонски евровизиски претставник јавноста негодуваше. Дел од македонските граѓани дури иницираа и онлајн петиција за негово повлекување од „Евросонг“.