Жељко Копиќ не е повеќе тренер на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, откако загуби од лутиот ривал сплитски Хајдук (1:0). Раководството на „модрите“ каде што настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, оваа одлука ја донесоа само еден ден по поразот на гостувањето во Сплит.
Копиќ (44 г.) заминува од клупата на Динамо иако тимот е на лидерската позиција ХНЛ, со два бода повеќе од Осиек, а четири од Хајдук. Динамо со кратко соопштение на социјалните мрежи ја потврди разделбата со Копиќ.
-Динамо ја известува јавноста дека Жељко Копиќ повеќе не е тренер на првиот тим. Копиќ ја презеде клупата на првиот тим во декември 2021 година и го предводеше Динамо на вкупно 19 официјални натпревари, и на пет пријателски натпревари. На официјални натпревари во ХНЛ и Лига Европа со „сините“ забележа 13 победи, две ремија и четири порази со гол разлика 27-10. Посебно ги истакнуваме фантастичните победи против Вест Хем и Севилја во Лига Европа, се вели во соопштението од Максимир.