Ѓоковиќ има проблем со формата, уште едно „мачење“ на Србија Опен

Еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, очигледно има големи проблеми со формата затоа што повторно победи „на мускули“ и во три сета на турнирот од АТП 250 серијата во Белград.

Ноле славеше над сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3). Кецмановиќ исто како Ѓере во осминафиналето имаше сет и брејк предност против Ѓоковиќ, ама на крајот поискусниот тенисер излезе пак како победник.

Ѓоковиќ и вчера мораше да игра два тај-брејка, три сета и над три часа за да го победи сонародникот Ласло Ѓере на првиот настап на годинешниот турнир во Белград.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Хачанов и Монтеиро.

Овој турнир за српскиот ас е подготовка за настапот на Грен Слем турнирот Ролан Гарос.

Треба да знаете
Последни објави