Обамејнг донесе нови три бода за Барселона

Фудбалерите на Барселона ставија крај на мини-серијата од два порази по ред, откако вечерва, како гости, славеа во дерби-пресметката со Реал Сосиедад со минимални 1-0.

По неуспесите во дуелите против Ајнтрахт Франкфурт односно Кадиз, избраниците на тренерот Чави Ернандез иако не блескаа дојдоа до три бода благодарение на голот на Обамејанг уште во 11. минута.

Тоа беше единствениот шут во рамки на голот на Каталонците, што се покажа како доволно за успех против понадмоќниот противник, кој постојано напаѓаше, но немаше среќа да постигне гол.

Барса сега пак е втора во Ла Лига со 63 бодови, колку што има и Севилја, која има и натпревар повеќе.

Треба да знаете
Последни објави