Конте би можел да го задржи Донарума во ПСЖ

Италијанскиот стратег Антонио Конте е кандидат за нов тренер на ПСЖ, а неговиот евентуален ангажман би можел да го промени статусот на сонародникот Џанлуиџи Донарума на голманската позиција.

Актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, и голманот Кејлор Навас неодамна навестија дека следната сезона нема да има ротација во екипата на голманското место и оти сегашната состојба мора да се промени. Ниту еден од двајцата голмани не сака да биде резерва поради што се шпекулира дека или Навас или Донарума на крајот на сезоната ќе го напуштат Париз.

Римскиот весник Газета дело Спорт објави денеска дека Донарума би можел да биде позајмен на италијански клуб, но оти за неговата иднина во ПСЖ ќе одлучува тренерот кој ќе ја предводи екипата.

Според весникот, Покетино најверојатно ќе замине ова лето, а Конте е меѓу најсериозните кандидати за нов тренер.

Треба да знаете
Последни објави