ПМФЛ: Две прволигашки пресметки на отворањето на 29. коло, Шкупи пред шампионска промоција

Второпласираната Академија Пандев попладнево е домаќин на Брегалница, додека Работнички го пречекува градскиот ривал Скопје на отворањето на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Преостанатите четири прволигашки натпревари се на програмата утре од 16 часот, а се среќаваат Шкендија – Македонија ЃП, Шкупи – Ренова, Струга – Пелистер и Тиквеш – Борец.

На пет кола до крајот на сезоната лидерот Шкупи има 13 бодови предност пред Академија Пандев и со триумф над Ренова ќе ја обезбеди шампионската титула.

Табела: Шкупи 68, Академија Пандев 55, Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Тиквеш 27, Скопје 26, Борец 18, Пелистер 10.

Треба да знаете
Последни објави