Интер ја прегази Рома и ја продолжи тркатата за одбрана на „скудетото“

Актуелниот италијански првак Интер за помалку од еден час ја сомле Рома со Жозе Мурињо, поранешниот кормилар од златните години на „нераѕурите“, па со триумфот од 3-1 дојде до четвртата победа во низа и повторно привремено се искачи на првото место во Серија А.

Дензел Дамфрис и Марсело Брозовиќ во десет минути во периодот од 30-та до 40-та минута дадоа два гола со кои Интер го направи исчекорот кон победата, а Лаутаро Мартинез, седум минути во вториот дел стави печат со третиот гол за убедливиот триумф по кој „нераѕурите“ сега имаат 72 бода, а Милан има 71.

Ерменската ѕвезда Хенрик Мхитарјан пет минути пред крајот само даде почесен гол колку да го ублажи поразот на „волчицата“ после огромното водство на шампионот.

Милан утревечер во Рим во втората миланско-римска пресметка го играат својот меч на „Олимпико“ кај Лацио, но Интер има меч помалку кој идната недела ќе го одигра против Болоња, одложен во корона-кризата во јануари годинава.

Рома со десетиот пораз остана на 58 бода на петтото место, пет зад најтрофејниот Јувентус во трката за ЛШ, па сега „старата дама“ има шанса да избега и да направи голем чекор кон пласман во елитата ако победи задутре кај Сасуоло, со што би избегал на осум бода на четири кола до крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави