Роналдо со гол во поразот од Арсенал испиша историја на Премиер

Кристијано Роналдо се врати по семејната трагедија во дербито против Арсенал, а навивачите на клубот од Лондон го поздравија со овации и аплаузи.

Сепак, тој не можеше да му помогне на тимот да избегне пораз, откако „топџиите“ славеа со 3:1.
Со овој неуспех, избраниците на Ралф Рангник заостануваат шест бода од местото кое води во елитното натпреварување.
Сепак, одличниот Португалец по водството на Арсенал од 2:0 во 35.минута го постигна единствениот гол за гостите.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња со тој гол ја испиша историјата на Премиер лигата. Тој го постигна 100. гол во ова натпреварување по 223. натпревар. Јубилејниот гол му го посвети на починатиот син.

Треба да знаете
Последни објави