Манчестер сити ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата која трае седум натпревари. Избраниците на Пеп Гвардиола денеска го совладаа Вотфорд со 5:1 во 34. коло.
Последен пат „граѓаните” загубија во Премиер лигата на 19 февруари од Тотенхем. Оттогаш имаат пет победи и два нерешени натпревара.
Габриел Жесус беше стрелец на четири гола, еден од пенал, а во листата на стрелците се запиша и Родри.
Њукасл славеше (0:3) на гости против Норич, со двата гола на Жоелингтон и погодокот на Бруно Гимараеш.
Лестер и Астон Вила ремизираа без голови.
Сити се зацврсти на првото место на табелата во Премиер – лигата со 80 бода, четири повеќе од Ливерпул, кој утре ќе игра градско дерби против Евертон.
Во следното премиерлигашко коло, Манчестер сити ќе се сретне со Лидс на 30 април.



