Фудбалерите на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) ја заверија на четири кола пред крајот на првенството десеттата шампионска титула во Франција, одигрувајќи синоќа пред своите навивачи на „Паркот на принцовите” во Париз 1-1 против Ленс во рамки на 34 коло.
На ПСЖ и еден бод му беше потребен за да дојде до недостижни 16 бодови предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј.
Лионел Меси во 68 минута ги доведе домаќините во водство со прекрасен удар од околу 23 метри, со што го постигна својот трет првенствен гол во дресот на ПСЖ. Победничка Прославата на шампионската титула со победа во Париз спречи Корентин Жан со гол во 88 минута, но и голманот на Ленс, Жан Луис – Лека со неколку спектакуларни одбрани.
Овој убав јубилеј би требало да претставува добар повод за славје во нормални услови, но дел од ултрасите на ПСЖ се погрижија за невидена и несекојдневна сцена на „Паркот на принцовите“, бидејќи решија да ги напуштат трибините. Тие надвор од стадионот ја славеа освоената титула.
Weird celebration at the end of the game with the players standing in the middle of the pitch and the ultras being outside.#PSG #PSGRCL #Ligue1 #CHAMP10NS pic.twitter.com/1M9sAH33CA
— Paris Saint-Germain F.C. (@JohnnyRothen) April 23, 2022
Еден дел од трибините на „Паркот на принцовите“ се испразни уште пред последниот судиски свиреж, што е јасен сигнал дека титулата во домашното првенство за одредени фанови не ги покрива раните кои ги остави елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Ѕвездите на ПСЖ мораа да се соочат со навистина бизарна сцена, а не помогна ни тоа што ќе мора да почекаат за трофејот на крајот од сезоната.
– Нема што да бидам разочаран, тие што сакаа да слават, останаа на трибините и славеа. Тие што не сакаа да слават со нас, не славеа. Имаше вистински фанови кои останаа, малцинство беа оние кои си заминаа. Тие не се сите наши навивачите, туку одредна група. Ние прославивме меѓу нас во соблекувалната, ни недостасуваше само уште пехарот. Уживам во вакви момент, – изјави Мбапе.
PSG Ultras celebrating the title outside the stadium.#PSG #PSGRCL #Ligue1 #Ultras https://t.co/T9pfa2UnML
— Paris Saint-Germain F.C. (@JohnnyRothen) April 23, 2022