Спектаклот на Вембли и борбата меѓу двајца британски боксери вечерва заврши со победа на Тајсон Фјури.
„Џипси Кинг“ остана непоразен во својот 33. професионален меч, откако во шестата рунда од борбата со нокаут го победи Дилијан Вајт. Дотогаш имаше релативно мирен меч, но Фјури го разбуди Вембли со одличен аперкат по што Вајт повеќе не можеше да продолжи.
Прилично разочарувачкиот натпревар на Вембли го следеа 94 илјади гледачи, но и сите останати пред малите екрани. Борците влегоа во борбата претпазливо и со многу почит, а како одминуваше натпреварот, Фјури стануваше поопуштен и ја контролираше борбата, а ретките удари на Вајт завршуваа главно со големи промашувања.
„Џипси Кинг“ го контролираше натпреварот и публиката замолкна, но на крајот од шестата рунда Тајсон Фјури од никаде ги крева сите на нозе. Тој го удри Вајт со десниот аперкат, кој заврши тешко на подот. Дилијан успеа да застане на нозе, но сепак беше видно потресен и не можеше да ги крене рацете и падна во прегратка на судијата.
Тајсон Фјури ја забележа 32-та победа во 33-от професионален настап.По борбата тој потврди дека ова е веројатно негов последен настап, а доколку вистински се збогува ќе се пензионира на врвот, како светски шампион на ВБЦ во тешка категорија.Од друга страна, Дилијан Вајт го претрпе третиот пораз во 31. професионален настап (28-3-0).Тешко е да се негира дека Вајт не е квалитетен тешкаш, но сепак не припаѓа на самиот врв.
OH MY GOD! TYSON FURY KO’S DILLIAN WHYTE!!! pic.twitter.com/RSnkno1q7o
— Follow @FTB_VIDS (@FTB_VIDS) April 23, 2022