Илон Маск: Нетфликс ја губи популарноста поради своите либерални ставови

Милијардерот Илон Маск го коментираше падот на акциите на стриминг платформата Нетфликс и бројот на претплатници.

Основачот на Tesla и SpaceX го поврза ова со доминацијата на либералната агенда и таканаречената култура на будност (woke-culture). Терминот доаѓа од глаголот „разбуди се” и нè враќа во 1930-тите, кога афро-американските кругови се обидуваа да се борат против расизмот и социјалната неправда. Во последниве години, поимот стана се повеќе распространет – се однесува на се што е поврзано со левичарската политика, либералните движења, феминизмот, ЛГБТ активизмот.

„Културата на будност ја прави содржината на Нетфликс негледлива”, напиша Маск на Твитер во коментар за падот на акциите.

Треба да знаете
Последни објави