Фјури потврди дека го напушта рингот: И ветив на сопругата

Британецот Тајсон Фјури потврди денеска дека заминува во боксерка пензија, ден откако на преполниот стадион „Вембли” во Лондон го совлада сонародникот Дилијан Вајт.

Борбата во која не беа разменети многу удари заврши во шестата рунда кога Фјури со аперкат го нокаутираше Вајт и ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во верзијата WBC.

Со тоа Фјури ја продолжи победничката низа во кариерата во која на 33 борби оствари 32 победи без ниту еден пораз.

– Мислам дека ова, сепак, беше последната борба на „Кралот на Ромите”. Тоа и го ветив и на сопругата. Ми се пружи шанса да се борам тука, на „Вембли” и тоа му го должев на секој навивач и на секој Британец. Сега и тоа го исполнив и ова навистина е идеален момент да се спушти завесата, изјави 33-годишниот Фјури.

Фјури по борбата кажа дека негоата сопруга Париз е најголемата поддршка во животот, а се запознале како тинејџери на една прослава и веднаш се заљубиле.

Париз имала 15 години, а Фјури 19, па две години подоцна решиле да се венчаат, а денес имаат шест деца од кои три ќерки и три сина.

-Од мали деца се знаеме и сакавме да имаме големо семејство. Со секое бебе кое го добивавме, ни растеше самодовербата, вели сопругата на Фјури.

Сепак, имале и неколку трагедии во животот, а тоа е загуба на две бебиња.

-Мојата сопруга роди мртво бебе во шестиот месец од бременоста. Морав да бидам со неа, бевме во еден дел од болницата, вели Фјури.

Второто бебе го загубиле во 2018 година, на денот на борба на Фјури.

-Бев бремена осум недели, а потоа на денот на неговата борба го загубив бебето. Не му кажав на Тајсон за тоа пред битката, но откако заврши веднаш му раскажав. Бевме до болница и таму ни потврдија, открива Париз.

Треба да знаете
Последни објави