Холивудскиот пар Џони Деп и Амбер Херд изминатиов период се во центарот на вниманието на светската јавност поради судењето, а секојдневно излегуваат на виделина нови детали и обвинувања. Поранешниот брачен пар ги користи сите можни средства во правниот конфликт, а Амбер сега наводно е фатена во лага.
Брендот за шминка „Milani Cosmetics“ објави видео на „ТикТок“ во кое истакнаа дека тврдењето на актерката и нејзиниот адвокатски тим изнесено пред судот – не е вистина.
Амбер и нејзините адвокати во петокот на судењето донесоа нов доказен материјал. Адвокатката на Амбер Херд им го покажа на поротата и на судот козметичкиот производ и тврдеше дека актерката го користела коректорот во текот на нејзината врска со Џони, за да ги покрие модринките добиени од физичкото насилство. Адвокатката на Амбер, Елејн Бредехофт, го покажа контроверзниот коректор на поротата, судот и на целата светска јавност.
Но, следеше неочекуван пресврт. Козметичкиот бренд „Milani Cosmetics“ објави видео на нивниот тикток-профил негирајќи ги тврдењата на Амбер. Имено, како што велат, производот кој Амбер и нејзиниот адвокатски тим го доставиле како доказ, „Milani All In One Correcting Kit“, бил лансиран дури во 2017 година, откако завршил бракот на Џони Деп и Амбер Херд.
Иако адвокатот на Амбер конкретно не го именуваше коректорот како производ на Milani Cosmetics, таа во текот на судењето го подигнала комплетот шминка и рекла дека Амбер го користела тој производ секојдневно за да ги сокрие модриците. Сега се шпекулира дека е можно адвокатот само да го користел споменатиот производ како пример за видот на шминката што ја користела Амбер, но можно е и наводите за злоставување да се лажни.