(Видео) Буфон прима голови како почетник, а не како искусен голман кој има 44 години

Парма загуби на гостувањето кај Перуџа со 2:1 во натпревар од италијанската фудбалска Серија Б. Една од двете топки кои завршија во мрежата зад грбот на легендарниот чувар на мрежаат оди на „душа“ токму на 44 годишниот голман Џанлуиџи Буфон. Некогашниот голман на италјанската репрезентација и чувар на трофејниот Јувантус, Буфон направи неверојатен кикс, каков му се нема случени никогаш во долгогодишната кариера. Истиот ќе можете да го погледате на видео.

Искунскиот македонски интеранционалец Горан Пандев (38 г.) кој е на залезот од кариерата одигра 56 минути од почетокот на средбата со Перуџа.

Парма е на 13. место во Серија Б и одамна ги загуби шансите да се бори за плеј оф за пласман во најсилната лига во Италија.

Треба да знаете
Последни објави