Повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус оствари значајна победа на гостувањето кај Сасуоло 2:1 во последниот натпревар од 34.коло во Серија А и на четири кола до крајот на сезоната и побгна на Рома осум бода во трката за позицијата која носи пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
„Старата дама“ до победата дојде во финишот на мечот, а голот вреден три бода го постигна резервистот Моизе Кин во 88 минута. Сасуоло поведе во 39 минута со голот на Распадори. Во финишот од првиот дел, Јувентус успеа да дојде до израмнување и тоа преку Пауло Дибала.